Во Мурманск е спречен обид за терористички напад , планиран од поддржувач на украинската десничарска екстремистичка организација Десен Сектор.
Сојузната служба за безбедност (ФСБ) приведе едно лице кое наводно, планирало да изврши напад во зграда на локалната администрација.
Станува збор за руски државјанин, кој е приведен кога извадил експлозивна направа со голема моќност.
Операцијата беше изведена вчера.
На чело на паравоената организација „Десен сектор“ е украинецот Дмитриј Јарош кој беше еден од најекспонираните учесници во крвавиот преврат во Киев во 2014 година,таканаречениот Мајдан на кој беше насилно соборен тогашниот легитимен претседател на Украина,Виктор Јанукович.