Свет

Меркел до Путин : Денес ти победи

Кристоф Петит Тесон / Базен преку АП

Германската канцеларка Ангела Меркел го нарече рускиот лидер Владимир Путин победник на самитот „Нормандиска Четворка“ во Париз, пишува Комерсант.

„Вие победивте денес…“, ги цитира Комерсант зборовите на Меркел упатени до Путин, пренесува Спутник.

Германската канцеларка, наводно, ја изнела фразата додека оделе на прес-конференција.

Според новинарите, фразата е изречена „без посебна радост“.

Во целина, канцеларката беше задоволна од резултатите од состанокот. Како што таа изјави за Sddeutsche Zeitung, работите „се придвижиле од мртва точка“.

На 9 декември се одржа  самитот на Нормандиската четворка : Владимир Путин, Ангела Меркел, Емануел Макрон и Володимир Зеленски. Потоа, се одржа средба меѓу претседателите на Русија и Украина.

Related posts

Leave a Comment