Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека ќе биде уапсен во вторник поради обвиненијата дека и платил на порно актерката Сторми Даниелс да молчи за нивната наводна афера.
Адвокатите на Трамп, наводно, и платиле на Даниелс да молчи пред шест години, а њујоршките обвинители размислуваат дали има основа за покренување обвинение, пишува Дејли мејл.
Трамп на својата медиумска платформа рече дека канцеларијата на ДА во Менхетен е подготвена да го уапси во вторник поради овие наводи.
Тој рече дека се работи за политички мотивирана акција бидејќи, како што тврди, приказната за неговите пари е „стара“, а ги повика своите поддржувачи на протести.