Бојкотирам прераснува во политичи субјект кој ќе настапи на следните избори?
Слободен свет стигна до информација во која се вели дека во четвртокот во Скопје се одржала средба на која е одлучено движењето Бојкотирам да прерасне во субјект кој ќе настапи на следните избори.
На средбата на која присуствувале неколку преставници од неколку движења и помали иницијативи за политички партии како и преставници на дијаспората по претходни направени анализи одлучено е да се отпочне со подготовка за политичко канализирање на граѓаните и субјектите кои беа активни во движењето Бојкотирам.
Иницијативата наскоро ќе биде објавена во јавност вели изворот кој за сега не сака да ги соопшти имињата на учесниците и иницијаторите на овој проект.