Турција продолжува да испраќа оружје до сириски Идлиб.Така, денес голем број турски воени конвои влегоа во оваа сириска провинција.
A large Turkish military convoy entered via the "Kafar Lousin" crossing towards the depth of Idlib. This was the third convoy to enter today.#Syria #Idlib pic.twitter.com/udyQPANdoR
— Mohamad Rasheed محمد رشيد (@mohmad_rasheed) March 8, 2020
Ситуацијата во регионот на сириската провинција Идлиб се влоши на 27 февруари, кога милитантите од терористичката група Хајат Тахрир ал-Шам ги нападнаа сириските позиции во близина на населбата Бехун. Како одговор, 33 турски војници беа убиени во воздушен напад од страна на сириската армија, која, според Анкара, не требало да се наоѓа таму. Руската страна презеде чекори со цел целосен прекин на огнот од сириската страна и обезбеди евакуација на загинатите и повредените. Потоа, Турција го најави почетокот на копнените и воздушните напади на позициите на сириската армија.
#Syrie #Syria #Idlib #TSK #Turkey
Les convois militaires turcs continuent d'entrer à #Idleb, ce matin. pic.twitter.com/fdzV7vshfq— Breizhman (@Breizhman1983) March 9, 2020
Официјална Анкара го опиша нападот како напад врз НАТО и повика на консултации на ниво на амбасадори на земјите членови на алијансата. Вашингтон истакна дека ја поддржува Турција како свој сојузник во НАТО.