Регион

ЕРДОГАН НЕ СЕ ОТКАЖУВА : Ќе влеземе 35 километри длабоко во Сирија во офанзива против Курдите!

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека турската армија и нејзините сојузници ,,сириските бунтовници,, ќе влезат 30 до 35 километри длабоко во сириската територија во нивната офанзива против курдската милиција.

Тој исто така рече дека турските сили веќе ја искористиле контролата врз Рас ал-Аин, како и заземањето на граничниот сириски град Тел Абијад, пренесе Ројтерс.

Турскиот претседател на прес-конференција рече дека двајца турски војници и 16 сириски бунтовници досега ги загубија животите во операцијата.

Related posts

Leave a Comment