Свет

Ерусалим, жени и деца држени во ропство од секта

Израелската полиција соопшти дека извршила рација во просториите на група во форма на култ, во која десетици жени и деца биле држени и малтретирани во „услови на ропство“ во ортодоксниот дел на Ерусалим.

Во соопштението се вели дека 60-годишен маж бил уапсен под сомнение дека ја водел групата врз која  извршил сериозни злосторства врз лица кои биле под негово влијание, пренесува АП.

Тој и осум жени, неговите соучесници, се осомничени дека изолирале околу 50 жени во комплексот, како и деца на возраст меѓу една и пет години, спречувајќи ги да контактираат со семејствата и со надворешниот свет.

Главниот осомничен, кој не е именуван, е исто така осомничен за кражба на пари и примена на разни форми на казна.

За време на тајната полициска истрага, биле откриени детали за случајот, од жени кои избегале од групата која властие ја опишале како „култ“.

Полициската рација беше спроведена во координација со Израелскиот центар за жртви од култовите.

Related posts

Leave a Comment