– Гласам за напуштање на ЕУ преку референдум. Гледате, Велика Британија излезе и сега веројатно ќе стане посилна. А ЕУ сега има проблеми. ЕУ сака да го задржи истиот буџет и истиот број на бирократи како порано, и покрај тоа што Велика Британија излезе.. Против ова се Австрија, Холандија, Данска. ЕУ е лудница – заклучува Окамура.
Окамура смета дека е неопходно да се засили работата во рамките на Вишеградската четворка.
– Имаме многу заеднички интереси во регионот и долга заедничка историја. Ние ја преживеавме заканата од Исток во 1968 година (влегувањето на трупи од земјите од Варшавскот пакт). Што се однесува до Западот, можеме да се сетиме на Минхен ( Минхенскиот договор ). Затоа мора да се потпреме на себе и на нашите сојузници во нашиот регион. Само Полска има население од 40 милиони. Одлично би било ако на Вишеградската четворка би и се придружила и Австрија. Ова не е глобализација, туку децентрализација. Можеме да постигнеме договор на ова поле – вели тој.