Сите задачи се реализирани, сите ракети погодија цели, потврдувајќи ги поставените карактеристики, соопшти Кремљ.
Како што беше објавено на веб-страницата на Кремљ, министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, ги информирал претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, за воените вежби на силите за стратешко воздржување. Извештај за содржината на вежбите поднесе и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Русија, Валериј Герасимов.
Лидерите ги следеа вежбите од ситуациониот центар на Кремљ.
Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Русија, Валериј Герасимов, изјави дека целта на маневрите е да се вежбаат акциите на стратешките офанзивни сили за да се нанесе загарантиран пораз на непријателот.
Во вежбите учествуваа силите и средствата на Воено-космичките сили на Русија, Јужниот воен округ, Стратешките ракетни сили, Северната и Црноморската флота.