Актуелно

Задолжителната вакцинација како предизвикувач на бунт: Стотици илјади луѓе на улиците од Австралија до Европа

ВИДЕО: Голем протест во Сиднеј поради рестриктивните мерки – Kurir.mk

ВИКЕНДОТ зад нас беше обележан со неколку стотици организирани протести ширум светот против задолжителната вакцинација и најавата за нови заклучувања.

Започна во Австралија каде полицијата интервенираше во неколку градови, а само во Франција и Италија беа организирани 275 протести. И во нашиот главен град неколку стотини луѓе се собраа на плоштадот Македонија да протестираат против најавените мерки од министерот Филипче.

Во Европа, каде протестите започнаа минатата недела во Грција, Франција и Кипар, продолжија во Англија, Ирска, Германија и Австрија …

Агенциите сè уште не известуваат за бројот на уапсени граѓани, но како што стојат работите, ЕУ има намера да задржи остар курс со непопуларни антиковид мерки и засега не покажува намера да попушти во воведувањето на ковид пасоши.

Според „Билд ем Зонтаг“, Германија размислува да воведе дополнителни ограничувања на невакцинираните – доколку бројот на нови заразени од ковид е значително зголемен во наредните месеци.

Хелге Браун, шефот на канцеларијата на германската канцеларка, за овој весник изјави дека „таквата политика е легална, имајќи предвид дека државата има одговорност да го штити здравјето на своите граѓани“.

Задолжителна вакцина како предизвикувач на бунт: Стотици илјади луѓе на улиците од Австралија до Европа

Браун истакна дека вакцинацијата е важна со цел да се заштитат луѓето од оваа злокобна болест, како и затоа што „вакцинираните луѓе дефинитивно ќе имаат поголема слобода од оние кои не се вакцинирани“. За разлика од од Браун, опозициската Алтернатива за Германија, изричито се спротиставува на мерките за присилна вакцинација и ги нарече фашистички.

Демонстрации избувнаа и во Франција за националниот празник (Пад на Бастилја) на 14 јули, а ситуацијата на улиците и плоштадите не се смирува. Во Шпанија се покажа дека мерките пропишани од владите можат да бидат неуставни, што беше потврдено од највисокиот суд на Шпанија пред една недела.

КОНФЛИКТИ ВО ЛОНДОН И БЕЛФАСТ

Велика Британија, која минатата недела започна „пингување“ (сигнализирање преку телефон дека сте биле во контакт со евентуално заразено лице), исто така се соочи со гневот на граѓаните. Новата апликација на Националниот здравствен совет дополнително ги налути луѓето кои ја обвинуваат владата за намерно сеење паника. Многу луѓе кои се спротивставија на забраните беа уапсени во Лондон, Даблин и Белфаст.

Related posts

Leave a Comment