Територијата на таканареченото Косово се претвора во упориште на тероризам бидејќи припадниците на Исламската држава се враќаат од воените зони, предупреди портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Во овој контекст, Захарова изјави дека припадниците на Исламската држава кои претходно биле регрутирани меѓу косовските Албанци и кои добиле соодветна обука се враќаат од воените зони.
Таа истакна дека веќе се регистрирани 250 вакви случаи, соопшти руското Министерство за надворешни работи на Твитер .