Колумни

Зоран Славјански : Времеплов! (не мислев да пишувам колумна првиот ден од 2020, новогодишната колумна на Миленко ја поттикна, а на вистината и требаше 01.01.2020)

Времеплов!
(не мислев да пишувам колумна првиот ден од 2020, новогодишната колумна на Миленко ја поттикна, а на вистината и требаше 01.01.2020)

 

Започнува третата деценија од 21 век а нашата татковина е заглавена на денот после државниот удар на АСНОМ, далечната 1945, каде што се убиваше, затвораше се што мисли по македонски. Од тој ден до денес единствено нешто што се крева е антимакедонски антивредносен систем, со врвот на нивното недело, велепредавство 2/3     Северна, криминалот и вековниот западен крвнички интерес на Балканот.

 

Чин 1.

Подржуваш патриотски партии и движења, работиш 12 часа за да преживееш, за да створиш нешто, трчаш на митинг на ВМРО-ДПМНЕ со мисла дека ја браниш твојата земја и ти се редат еден по друг антимакедонси проекти, се редат потписите на ВМРО-ДПМНЕ на Привремена, Рамковен, Нова Територијална, Амнестија на хашки случаи, Пржино, 2/3 Северна, СЈО, НАТО, ЕУ, грубо газејќи ја волјата на македонскиот народ.

 

Секоја секунда е алтернатива каде од Бога дадената слободна волја ја користиш или за добро или за лошо, тоа е твојот личен избор, но и избор на еден народ, човештво.

НАТО и ЕУ нема алтернатива е падната матрица, каде ти вели таму каде што е силата, таму нема никаква алтернатива. 

Исто и погубната матрицата, таму каде е ВМРО-ДПМНЕ, таму е силата, а каде е силата нема алтернатива. На народот воопшто не му е добро во тие матрици! 

 

Чин 2.

2015-2016 една група родољуби реши да крене алтернатива, идејата ја нарековме Единствена Македонија. Идеја како идеја, чим се симне на терен таа си бара домаќини.

Идејата беше да се собере се што е прогресивно на едно место и да покаже ум, знаење, единство, соборност и алтернатива на евроатланската матрица и домашната анти-македонска.

Image result for миленко неделковски и бачев

Првиот домаќин кој ја зема беше Народното движење за Македонија на Јанко Бачев, кое се ребрендира во Единствена Македонија. Ги донесовме Дугин и Савин преку нашите пријатели од Белград, прекрасен собир во Континентал и толку. Наместо да прогресира,некој ја угуши. Подоцна во преписките Бачев-Мицов се дознаа многу погрешни намерни или ненамерни чекори кои го урнаа сето тоа. Се испостави дека нова идеја не оди во старо одело.

Јас им посакувам успех на сите подржувачи на таа идеја и таму и да влезат во вистинска демократизација на нивната организација, соодветна на времето во кое живееме.

Некаде приближно истата година идејата на Здружението „МиР“ за отворање на Форум „МиР“ (Македонија и Русија), каде македонското и руското општество ќе излезат од апсурдната состојба да не ја ползуваат блискоста на двата народи за развивање на нормални културни, економски, политички, научни, општествени односи, сакавме да ја промениме и почнавме со нејзино пропагирање. Го знаете исходот, повторно избрзано некој појде и Форумот МиР е празен во Москва. 

Но ќе дојде време и за тој проект!

Денес.

Родина Македонија не е на Зоран Славјански, тие концепти Човек – Партија – Султан, се антивредносни.

Смешната конструкција на Миленко во корист на финансиерите, секој нормален човек ќе ја препознае. 

Related image

Родина Македонија е Собор на слободољубиви Македонци кои успеале во животот надвор од политиката и кои решија да го дадат најдоброто од себе за својот народ.

Фотографија на Родина.

 

Родина Македонија е Линукс “оперативен систем” со отворен код каде секој македеонец родољуб и патриот може да допринесе со идеја и дело, но и слободно да земе од неа и да го пренесе на друго место за доброто на нашиот народ. 

Родина е колективната меморија на нашиот народ, преточена во организирано живеење и работење по природните принципи и универзални вредности која извира од нашиот древен народ! 

Програмата Вистински Македонски Пат e eдинствената Македонска суверенистичка програма за возобновување на државноста која е базирана не на поразениот неолиберализам, туку на стремежот и потребите на слободољубивите народи, таа е плод на акумулирано знаење на меѓународна сцена, но за тоа друг некој од Родина, во друга прилика.

Родина ќе ја видите со многу организации како работи да се подигне родољубивата сила на македонскиот народ, иако многу често на тие средби има и вируси од системот, кои па се добри за имуниот систем на организацијата.

Членовите на Родина работат на информативни портали кои секојдневно ги пренесуваат промените во светот, новите концепти, визии, помага во промовирање на новите родљубиви организации и движења.

Отворете ја интернет страната на Родина Македонија и што гледате ?

Нема човек партија! 

Има идеја, цел, програма, има Собор Родина Македонија.

Ние преку нашиот пример стануваме пример и за другите организации!

Тие наши дела ни овозможија за првите 3 дена да собереме 300 потписи.

Ние за тоа на нашиот прекрасен македонски народ сме му благодарни.

 

Во интерес на вистината и правдината!

Среќна Нова 2020, оваа година да биде година на будење, слобода, развој, кревање и враќање на Република Македонија!

Related posts

Leave a Comment