Поранешниот лидер на некогаш една од најсилните опозициски партии во Хрватска, Жив Ѕид, Иван Пернар е активен на социјалните мрежи долги години, а со неговите често екстремни погледи привлекува големо внимание.
Овој антиглобалист, се огласи и по повод пандемијата на коронавирус и предизвика голема бура со неговиот статус посветен на пензионерите.
– Ја разбирам вашата желба вашите предци да живеат што е можно подолго, но дали сметате дека е нормално цела земја да биде парализирана и ставена во карантин со месеци за некои баби и дедовци да живеат подолго за еден ден, една недела или еден месец? – запраша Пернар.
Со оваа изјава Иван Пернар, разбранува многу духови .
da. jer nismo psihopati. pic.twitter.com/x2bubzsDaw
— Em. (@matr0shka_) April 3, 2020