Свет

Извршниот директор на Pfizer е позитивен на коронавирус по четири примени вакцини

Извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, кој доби четири дози вакцина против коронавирусот со Pfizer-BioNTech, се зарази со КОВИД-19. За ова тој напиша на својот Твитер профил.

„Тестот е позитивен на коронавирус. Благодарен сум што примив четири дози од вакцината, се чувствувам добро, додека имам благи симптоми“, сподели Бурла.

Според шефот на Pfizer, тој се лекува со Паксловид, не излегува од дома и се надева на брзо закрепнување.

Да потсетиме дека на 3 јули Алберт Бурла го најави почетокот на новиот глобален бран на Ковид, нагласувајќи дека процентот на вакцинирани во сите земји е доста висок.

Според Њујорк Тајмс, вториот позитивен тест за КОВИД-19 од американскиот претседател Џо Бајден ќе го загрози неговиот избор за втор мандат. За здравствените проблеми на постариот лидер на државите сведочат неговата загуба во просторот и говорните „инциденти“ на говорите.

Се прашуваме каков е ефектот на крајно сиптоматичните вакцини ако и после четири дози не го имунизираат организмот против вирусот.

Логиката вели дека тие во таков случај го прават спротивното, односно го разоруваат човечкиот имунитет.

Related posts

Leave a Comment