Хакерите ги нападнаа и уништија ИТ системите на компанијата што се занимава со закажување вакцинација против ковид -19 во регионот Лацио во близина на Рим, пренесува Ројтерс.
Регионалната влада објави на Фејсбук дека е во тек „жесток хакерски напад врз регионалната база на податоци“.
Таа наведе дека сите системи се оневозможени, вклучително и порталот посветен на здравството и вакцинацијата, и предупреди дека вакцинацијата може да се одложи, пренесува Ројтерс .
Регионалниот здравствен менаџер Алезио Д’Амато истакна дека ова е многу сериозен хакерски напад.
Властите во Италија го истражуваат целиот случај.
Италија неодамна донесе одлука да воведе задолжителен сертификат за вакцинација или прележаност за „Ковид-19“ со цел граѓаните да можат да присуствуваат на речиси сите настани.
Мерката предизвика протести кај граѓаните ширум земјата, кои негодуваа поради воведувањето на „зелената пропусница“ .