Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров му се обрати на командантот на неонацистичкиот баталјон „Азов“ кој се крие во подрумите на фабриката „Азовстал“ во Мариупол и го покани да се покаже на бојното поле.
„Се обраќам на командантот на Азов, кој е во бункерот на Азовстал. Не ви е срам да држите болни, жени, стари луѓе? Излезете на бојното поле, покажете се и да завршиме еднаш засекогаш!“, рече Кадиров во видеото објавено на неговиот Телеграм канал.