МОСКВА – Лидерот на Руската Република Чеченија, Рамзан Кадиров, тврди дека руските сили денеска целосно ќе ја преземат фабриката за челик Азовстал, која е упориште на украинските бранители во опколеното пристаниште Мариупол. Денес, со помош на Семоќниот, целосно ќе го преземеме Азовстал“, рече Кадиров во аудио пораката на неговиот канал наТелеграм.
Русија претходно ги повика украинските сили и странските борци кои се кријат во фабриката Азовстал да го остават оружјето до пладне по московско време, доколку сакаат да живеат, јави РТ. Русија тврди дека во „Азовстал“ се наоѓаат припадници на украинските националистички баталјони и странски платеници.