Свет

Каталонија: Народот сака самоопределување

Гати слики / Ден Китвуд

Барселона – Каталонскиот парламент усвои необврзувачки документ во кој се изразува волјата за остварување на правото на самоопределување, и покрај предупредувањето од Уставниот суд на Шпанија.

Документот повикува на политичко дејствување, но нема правен ефект, изјави за Ројтерс портпарол на парламентот.

Шпанскиот уставен суд ги предупреди пратениците од Каталонија дека ќе се соочат со правни последици доколку поддржат предлог во кој се вели дека парламентот изразил „волја да го искористат правото на самоопределување на конкретен начин и да ја почитуваат волјата на каталонскиот народ“.

Related posts

Leave a Comment