Регион

Вооружени Словенци кои глумат армија пристигнале на хрватската граница

Загреб – Вооружени и облечени во маскирни униформи пристигнуваат на границата со Хрватска, членови на словенечката паравоена единица, пренесува Index.hr.

Ова е група Словенци кои глумат армија и кои пристигнале на словенечко-хрватската граница за да ги следат мигрантите, велат тие. Според Ројтерс, ги има околу 50, меѓу кои и неколку жени. Групата ја предводи Андреј Шишко, кој ја води и националистичката партија Движење Обединета Словенија, која досега не успеа да влезе во парламентот.

Тој, понатаму наведува Ројтерс, смета дека официјалните органи не ја штитат Словенија од она што тој вели дека е закана од мигрантите, па затоа ги основал Штаерската и Крањската стража.

Членови на таа група патролираа пред новинарите. „Наша должност е да обезбедиме безбедност во нашата земја“, рече Шишко.

Членовите на групата носат воздушни пушки кои се реплики на калашников.

Шишко е поранешен водач на навивачката група на фудбалскиот клуб Марибор, а како кандидат на екстремната десница, се појави и на претседателските избори во Словенија.

 

Related posts

Leave a Comment