Кина бара од САД да не ја користат украинската криза за притисок и закани кон Пекинг. Ова го изјави кинескиот министер за одбрана Веи Фенг во разговор со шефот на Пентагон, Лојд Остин.
„Кина бара САД да престанат со воените провокации на море и да не го користат украинското прашање за омаловажување или закана за Кина“ , соопшти кинеската агенција .
Претходно, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека Европската унија го предупредила кинеското раководство за последиците доколку кинеските власти ја поддржат Русија.
Во Стејт департментот, САД и се заканија на Кина со последици од Вашингтон и неговите сојузници доколку Русија помогне да се заобиколат санкциите или воените набавки.