Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергел Лавров ја коментираше актуелната ситуација во Украина
Според него, преговорите меѓу Русија и Украина се во застој.
„Русија не доби одговор од украинските власти на нејзините предлози. Изјавите на украинските претставници сугерираат дека на властите во Киев не им требаат преговори со Руската Федерација и дека тие се помириле со својата судбина“, рече тој.
Тој, исто така, истакна дека Кремљ не е против земјите кои Украина ги предложи како гаранти на нејзината безбедност – доколку тоа не претставува закана за Русија.
„Руската Федерација нема да толерира ултиматуми од Украина“, рече Лавров во своето обраќање.