Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ : СВЕТОТ ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ КАКОВ ШТО БИЛ

Фотографија на Lidija Djordjevic.

СВЕТОТ ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ КАКОВ ШТО БИЛ

Писмена работа од неписмена жена:

Гледајќи не колку се оддалечивме од Него, Создателот, Севишниот одлучи со Негово допуштение демонизираните да ни го направат ова.

Малку да си легнеме на брашното кое најсебично го изнакупивме.Дури една госпоЖа си кажа дека кога кај сите ќе снема од кај неа ќе купуваат за десет пати поскапа цена и го направи својот стан магацин! Браво! Хуманоста на дело.

Ин д минтајм во Венеција онака испразнета се вратиле лебедите, во каналите почнале да пливаат риби, а низ градот да се шетаат диви свињи.
Им стежнавме и на Господ и на природата.
Доаѓаат времиња – невремиња.Заборавете на секоја удобност која сте ја имале.
Не се секирајте за тоа, ќе преживеете и со леб и сол.Е сега, нема да можете да си ја шетате гардеробата и џиповите, но арно да ве удри нешто у тиква за да ви каже дека тоа не е императивот во животот и да сфатите дека и вие ќе умрете што би рекла Сека Сабљиќ.Не, животот не поминува.Вие поминувате и ве јадат црви и не сте богови.Е јбг, ЕДЕН Е БОГ.Сега ќе дознаете.И онаа кутра наци- професорица која мисли дека крајот е тука, на Земјава па би ги спалила сите болни у печка.Ах Мимозо, кактусу отровен!

Туку, се загрижив за еден коментар од моја пријателка која му вели на својот син дека му е време да се жени(има35), а тој и кажал дека НЕ ЧУВСТВУВА ЉУБОВ.
Друга пријателка ми кажа дека син и првпат на 20 години сварил компир оти она само еден ден не била во состојба да направи ручек, па лупењето на компир и го извадил низ нос со триста увреди.(Гоце Делчев на 24 ја спасуваше Македонија.)
Потоа видов пријател кој се извади од памет кога му пукна бушон и му снема струја во станот па очајнички го викна брат му да го промени.

Во овие би рекла возвишени моменти кои ни ги даде Творецот, и фала Му за тоа сведок сум како мажите ги праќаат жените да пазаруваат оти страв им е да не се разболат!?!?!
Па си велам:
САЧУВАЈ НЕ БОЖЕ ОД ВОЈНА! ЌЕ НЕ РЕШАТ ЗА ДЕСЕТ МИНУТИ И ЌЕ ПОТПИШЕМЕ И ПАКТ СО ѓ…САМО ДА НЕ ПАТИМЕ!

Времево што доаѓа ќе не врати во времето на нашите баби и дедовци.Е сега тука е проблемот.Они си биле навикнати на тоа, не им било се инстант и на тацна, немале комфорт до тој степен да можеш само да лежиш, какаш, гледаш тв и машините сами да ти перат садови, алишта, да ти кажуваат вести итн…
Дали сме ние спремни за враќање во камено време? Без интернет, струја и машини?
Дали сме ние ољубовени и со капацитет за солидарност, помош, утеха, пред се жртва?
Дали ние размазените воопшто и знаеме што значи да немаш ништо освен две раце кои ќе ги склопиш за молитва, оти само тоа ќе остане?
Дали ние имаме воини за справување со криминалот кој ќе процвета немајќи го горенаведеното?

Да направам” ремизе”.Има две вести.Лоша и добра.
Лошата е што никогаш повеќе нема да ви биде подобро туку само полошо во смисла на квалитетот на живеење.Оти после коронава следи друго “цунами”.
А добрата е што Христос воскресна од мртвите и со смртта смртта ја победи. Па имате шанса всушност да го направите она за кое и сте дојдени на овој свет: Стекнување царство Небесно.Пост, молитва, жртвена љубов и причест. Тоа треба.Зошто…..

……….СВЕТОТ НИКОГАШ ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ КАКОВШТО БИЛ!!!

 

Лидија Ѓорѓевиќ

Related posts

Leave a Comment