Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ : Што ли се случува додека ние со превез на очи седиме во карантин? “Мигрантиве” некако исчезнаа.

Што ли се случува додека ние со превез на очи седиме во карантин? “Мигрантиве” некако исчезнаа.

Прва фаза :

Во првиот бран паника, куќата и дворот до толку ги исчистив да седнав во една фотеља таква целата тажна и си реков- Бреиииј ни гостин не смее да ти дојде да види каква домачица си, а и имаш со шо да ги послужиш! Кафиња(сите можни),чаеви(од оние за смирување до оние за простата)И цвеќиња насадив насекаде😕

Втора фаза :

Шизофренија!

Арно вика мојот презимењак: О како је лепо бити глуп. И нељубопитен би додала. Ма не ме интересира ништо!

Но!

Кој ме тераше да прочитам се за вирусологија, да ги изгледам сите клипови за теории на заговор, а пред с’е оние најчестите за: СИТЕ ЌЕ УМРЕТЕ! Сите можни вести и несвести, сите можни портали и пресови!
Одам на работа.Да, јас сум од оние кои одат на работа.Паника, страв, хистерија!Ми влегуваат луѓе кои мислам и во вреќа за ѓубре би се замотале!

И веднаш имаш јасна слика!

Хм…

Две слики! Ама двете ко Пикасо да ги цртал! Во двете има неверица, збунетост и хаос!

Прва слика : АПОКАЛИПСА, ПОСЛЕДНИ ВРЕМИЊА, АРМАГЕДОН….

Втора слика : Пфффф, абе обично грипче ко грипче, нека не ве лажат, друго им е позадината! Ова е све “дипшит “масло! Ама им се врати!И на италијаните за Могерини!Они беа најгласни за промена на име! Карма ис а бич! Ај жити с’е види умрени од грип минатата година и умрени сеа! Абе- воз го згазил, се избацуе некојси едикојси др и вика Ковидов19 е!

Хм…19-ка.Ме потсетува на оној автобусон шо иде за Шутка!Хм…статистички гледано каде има најмалку ковид?
Па у Шутка!

Трета фаза :

Шутка, тоа ми одговара! Удри бригу на весеље! И тоа мора да е вистинското!!!
Ооооо….ослободување! Можеш да си залегнеш и да си читаш книги.Или да излезеш надвор и да дишеш свеж воздух кој Севишниот по милоста Негова ни го врати.А и да не е чист, почист е од четворица во мало станче, нели!

Сега можам да ја забаталам куќава до толку шо и вештачкото цвеќе ќе ми овене!😂
Одам надвор! Можеби преправена во грмушка ко на цртан филм, ама одам надвор!

Туку прашањево кое ме мачи со денови не можам да си го одговорам🤔

Цел свет во “пандемија, страв, и паника” само Шведска, Бразил(има скоро милијарда жители), и Холандија- кулираат.
И веднаш вртам кај пријател кој живее во Холандија и кој има три мали деца.
-Х , абе како се справувате со ковидов, овде е ужас.
-Каков ковид, ааа ни рекоа еднаш на вести као и со обичен грип.Самошто ги однесов децава во игротека!
Се вртам и корнам тапети, теписи, демек луд ли е овој!? Па се прашувам:

Дали Шведска и Холандија заостанале зад Балканов!?🤔
А потоа уште нешто!

Што ли се случува додека ние со превез на очи седиме во карантин?

“Мигрантиве” некако исчезнаа.

Лидија Ѓорѓевиќ

Related posts

Leave a Comment