Во Стариот Завет пишува : првата жена на Адам се викала Ева. Сепак на почетокот , во jудеjска митологиjа , пред Ева , Адам имал уште една жена со име Лилит . Да се обидеме да разбереме , од каде ,, излегла ,, Лилит , зошто дошло до развод со Адам , и коjа е неjзината врска со , сукубите , – ликови од филмовите и компjутерските игри.
Во првата книга од Стариот Завет ( книга битие ) – се поткрадува интересна противречност. Во првата глава се зборува дека , Бог ги создал мажите и жените истовремено.
,, И ги создаде Бог мажот и жената според изгледот Cвоj “
За потоа во , втората глава , се раскажува како Ева била создадена од реброто на Адам. Оваа ,, ситна ” противречност не наведува на мислата : пред Ева , Адам имал друга жена . Ако првата била создадена во исто време како и Адам , а втората била дел од телото ( реброто ) на веќе живиот и одухотворен Адам.
Несоодветноста во текстот многу тешко би можела да се толкува како грешка. Едноставно , поминувало време и една идеологиjа била менувана од друга , а текстот , фарисеите ,заборавиле да го корегираат и редактираат според новите ,, канони ,,.
Тоа го докажува и фактот : Во првобитната jудеjска митологиjа се среќава жена со име Лилит. Веќе , во Библиjата се спомнува само на посреден начин. Во книгата на Исаиа фигурира : ,, некое ноќно суштество – кое живее меѓу руините “.
Тоа и е Лилит ,после ,, разводот ” со првочовекот Адам. Но , за тоа – малку подоцна.
Подробно за Лилит зборуваат ,, Азбуките на Бен – Сири ” , во ,, Свитоците од Мртвото Море ” Книгата ,,ЗОАР” и во ред други древни пишани извори , вклучително и во неканонски неколку евангелиа. Од современите религиозна текови , Лилит jа признава кабалистичката теориjа – едно од тековите на jудеизамот.
Сево ова би можело да изгледа , как едноставна приказна , – во круг библиските ликови се плетат разно – разни шпекулации . Ако не беше еден факт. Лингвистите се децидни , Лилит произлегува од сумерското: воздух , дух , призрак. Каj Сумерите – тоа е дух на жена или маж , упокоени во млада возраст .
Сумерската ( Шумерска ) цивилизациjа се смета како прва полноцена цивилизациjа , создадена од современиот вид на човек. Имено тие , се одговорни за пронаjдоци како : колце , писменост и пра-неимари на крупни градови , во современа смисла на фразата. Така да , возможно , имаме работа со првиот мит на човештвото , допатуван до нас низ времето .
Затоа таа ,сториjа, заслужува внимание , впрочем таа влиjаела врз формирањето на првите цивилизации. А значи , низ вековите , претставува еден од аглите на кои се крепи темелот на заедничката култура – сопственост на целокупното човештво.
Кавгата меѓу Лилит и Адам , создавањето на Ева
Во ,, Азбуките на Бен – Сир ” се зборува , кавгата : Лилит и Адам започнала заради несогласувањето ( гласно ) по прашање концептот за равенство меѓу половите ( напомена : тогаш постоеле само машки и женски пол , денес оваа библиска приказна е невозможно да се повтори , заради множеството на полови : реални и фантасмогорички ) . Адам , со , вклучен на максимум мачоизам , барал тој да биде наредбодателот , стратегот , мудрата глава на , младото семеjството во формирање ,а Лилит да jа заземе почесната служба – извршител , егзекутор на адамовите повелби , каприци и хирови како утешна награда . Несогласна била Лилит со ваквиот приод кон нештата.И тоа гласно го аргументирала . Неjзиниот концепт се состоел :во принципот на рамноправност, наведуваjќи го крунскиот доказ : ,, Бог не создаде заедно на Земjава ,истовремено , затоа ние сме рамноправни “.
Бракот не успеал ( прв , но не и последен ). Лилит го напуштила брачниот другар , предлагаjќи : Бог да му направи уште една жена на првобитниот маж. И така , на Светот се поjавила Ева , таа посушната , за коjа што мечтаел Адам.
Но , кога Лилит видела : се е во одлична хармонија каj Ева и Адам , живеат душа во душа – што би рекол поетот , решила да jа разбие таа состоjба на долга вљубеност и се трансформирала во змиjа( таков е преодот во лик од Библијата ). Микеланџело во Сикстинската капела ја насликал имено Лилит – суштество со тело од жена и опаш од змиjа.
Што се случувало понатаму со Адам и Ева – во главни црти сите знаеме. А , Лилит , според легендата , живее како ноќен призрак – дух , и продолжува да ги искушува и соблазнува луѓето , особено , оние помладите . Од тие телесни врски можат да се родат полудемони – полулуѓе .
Лилит остана архетип за човечката полигамност , за да во денешно време ,, испливаат ” сукубите – демони соблазнителки , популарни ликови во комп. игри , за младите поколениjа.Во тоj контекст е опишана Лилит во Талмудот , како демон со женско лице , со долги коси и крилjа.
Скубот од играта ,,World of Warcraft ” е комп.стилизациjа на Лилит.
Во древноjудеиската традициjа , пракса било , сите женски проблеми : бесплодност , женските заболувања , болести во бременоста … да се ,спишуваат, на Лилит. Дури и во кабалистичките учења , Лилит настапува како кралица на пеколот , коjа управува со Пеколот заедно со Сатанос.
Додека прогонот во патриjархалните општества е во полност разбирлив . За раменство : маж – жена , во старите времиња , особено во Средниот век не можело да стане збор. Но , се чини денешното време е како , скроено ,за рехабилитациjа на древниот сумерски мит , коj успешно се инпутирал во jудеjската традициjа преку коjа ,, доползи ” и до Европjаните преку ликот на Змиjата од Раjската Градина.
Зоран Курљан