Градоначалникот на Лондон Садик Кан и министерот за внатрешни работи Прити Пател изјавија дека се шокирани од сцените на нападот врз полицаец во Лондон, неколку часа откако се појави видеото од инцидентот на социјалните мрежи.
На видеото се гледа полицаец кој се бори со маж, пред да биде нападнат од неколку други лица, кои го удриле и шутирале.
Colleagues/Friends; This is a part of the earlier video clip that I couldn’t attach to the one that I posted relating to the dreadful attack on Two MET Officers today in Hackney London; Please Watch I’m certain like me you will be absolutely disgusted!! Your thoughts please?🤔 pic.twitter.com/CRwMl2DzuX
— Norman Brennan (@NormanBrennan) June 10, 2020
Инцидентот се случил недалеку од паркот Фрамптон во Лондон.
Еден од напаѓачите носел бејзбол палка, додека човекот кој стоел до него танцувал и правел „селфија“.
Инцидентот беше остро осуден од градоначалникот на Лондон Садик Кан и министерот за внатрешни работи Прити Пател.