Мажите кои сакаат да имаат семејство треба да размислат да јадат повеќе домати.
Мажите кои сакаат да имаат семејство треба да размислат да јадат повеќе домати.
Две лажици доматно пире може да го подобрат квалитетот на спермата, се покажало во студијата. Клучот е во состојка наречена ликопен . Им дава на доматите црвена боја и го намалува крвниот притисок и ризикот од рак на простата. Научниците ставиле ликопен во пилула и им ја дале на мажи да го пијат два пати на ден, откривајќи дека нивната сперматозоиди станале подобри пливачи за само три месеци.
Количината ликопен во пилулата била еднаква онаа што се наоѓа во петте лименки домати што би ги изеле за еден ден, а во пилулата е полесно да се консумира отколку да се зема од храна. Резултатите од студијата покажале дека земањето свежи домати ја подобруваат формата, големината и способноста за пливање на сперматозоидите и затоа се зголемува можноста тие да стигнат и да оплодат јајце клетка.
“Навистина не очекувавме дека ќе има разлика во спермата кај мажите кои ги земаа овие апчиња наспроти оние што не. Сметавме дека апчињата ќе имаат само ефект на плацебо.Кога ги дешифриравме наодите и резултатите само што не паднав од столица „Промената во морфологијата беше зачудувачка“, рече професорот по андрологија на универзитетот Шефилд, Ален Пасеј, кој исто така е автор на ова истражување.
После само 12 недели земање ликопен во пилула, мажите покажале 40 проценти подобри резултати кога станува збор за подвижноста на сперматозоидите, пренесува Дејли Меил. Истражувањето е објавено во Европскиот магазин за исхрана и е важно затоа што светот се соочува со криза на плодноста. Само во Велика Британија, еден од 6 парови има проблем со зачнувањето.
Штета на сперматозоидите им нанесува брзата храна, но и од тесната облека што мажите сè повеќе ја носат. Лошите ефекти на алкохолот и цигарите се познати одамна. Најдобро е да се земе ликопен од варени домати, но и од таблети како овие од истражувањето затоа што најдобро се апсорбира во цревата.
Прашајте го вашиот лекар дали ова е здрав избор за вас, бидејќи ова е единствениот начин да дознаете дали доматите се добар избор за вас. Посебна претпазливост се препорачува кај лица со низок притисок, бидејќи ликопенот го намалува крвниот притисок.