Свет

Макрон стравува од победа на Ле пен: Изборите во Франција се како кога Американците го избраа Трамп

 

ПАРИЗ – Претседателот на Франција, Емануел Макрон, претстојниот втор круг од претседателските избори во таа земја го спореди со изборите во САД, кога граѓаните го избраа Доналд Трамп и предупреди дека неговото актуелно водство во анкетите не е гаранција за победа.

„Следниот ден се разбудија со мамурлак“, изјави Макрон за BFMTV, додавајќи дека ситуацијата во Франција е многу слична, бидејќи вклучува фундаментален избор на насоката на земјата, пренесе Ројтерс.

Тој, исто така, истакна дека агенцијата за истражување на јавното мислење не била во можност да го предвиди исходот од изборите во САД или референдумот за Брегзит во 2016 година.

Истражувањето на водечките француски агенции за испитување на јавното мислење, објавено вчера и денеска, покажува дека поддршката за Макрон во однос на кандидатот на крајната десница Марин Ле Пен е стабилна или благо расте, пренесува Танјуг.

 

 

 

 

Related posts

Leave a Comment