Руското Министерство за надворешни работи реагираше на одлуката на МНР да протера пет руски дипломати, со што практично се блокира работата на амбасадата во Скопје. За Русија, овој потег, кој е најмасовен во низата протерувања на руски дипломати од Скопје, е доказ дека Македонија работи под странски налог, нема веќе суверенитет, и дејствува спротивно на волјата на граѓаните и на своите интереси.
На 28 март, пет дипломати од руската амбасада беа прогласени за персона нон грата. Овој непријателски чекор е продолжување на курсот кон рушење на билатералните односи со Русија што го зазедоа властите на Македонија. Ќе бидеме принудени да преземеме реципрочни мерки. Со приклучувањето кон русофобичната хистерија што ја почна Западот, Скопје уште еднаш ја потврди подготвеноста непромислено да го жртвува суверенитетот и да носи одлуки кои се во спротивност со расположението во јавноста и им противречат на коренитите национални интереси, порача портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Марија Захарова: На 28 март, пет дипломати од @Russian_Emb_MKD беа прогласени за персона нон грата.
Овој непријателски чекор е продолжување на курсот кон рушење на билатералните односи со 🇷🇺 што го зазедоа властите на 🇲🇰.
Ќе бидеме принудени да преземеме реципрочни мерки. https://t.co/IhAPdB3JHO— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) March 28, 2022