Медведев ова го изјави како одговор на францускиот министер за финансии Бруни Ле Мер, кој рече дека и објавиле економска војна на Русија.
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека во историјата на човештвото, економските војни често се претворале во вистински.
Медведев го изјави тоа како одговор на францускиот министер за финансии Бруни Ле Мер кој рече дека и објавиле економска војна на Русија.
– Денеска францускиот министер изјави дека и објавиле економска војна на Русија. Внимавајте што зборувате, господине. И не заборавајте дека во историјата на човештвото, економските војни многу често се претворале во вистински – порача Медведев преку својот Твитер профил.
Today, some French minister has said that they declared an economic war on Russia. Watch your tongue, gentlemen! And don’t forget that in human history, economic wars quite often turned into real ones
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) March 1, 2022