Трагедија ја потресе Македонската престолнина откако младо момче си го одзеде животот со скок од зграда.
Несреќата се случила на последниот ден од Август откако момчето било да си го земе сведителството во гимназијата Корчагин каде што бил ученик.
Од гимназијата не било испратено ниту сочувство до семејството на ученикот а згора на тоа наместо да се прогласи ден на жалост тие организирале свечен прием за градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Класната на момчето била единствената која се јавила на семејството на чие прашање зошто се молчи за трагичниот настан изјавила дека така било наложено од институциите на град Скопје и МОН.
Близок член на семејството на момчето во врска со случајот на социјалните мрежи напиша:
СУГС Раде Јовчевски – Корчагин дали денес негде спомнавте дека синоќа ваш ученик излезе од вашето школо и отиде си го одзема сопствениот живот? Дали и кажавте на Danela Arsovska додека си славевте денес прв ден, додека си се сликавте така насмеани и среќни, што се случило синоќа? Дали СУГС Гимназија ,,Раде Јовчевски-Корчагин” ја контактиравте воопшто фамилијата да изразите сочувство? Дали прашавте како и зошто дете излезе од вашите врати и отиде да скокне од катна гаража?!?
За случајот се огласи и Мимоза Ристова која напиша: