Ниту министрите за надворешни работи на Европската Унија не донесоа одлука за датум за старт на преговорите со Македонија и со Албанија како ни тоа овие две држави да го продолжат процесот раздвоено.
Министрите им ја префрлија топката на шефовите на државите и на владите на Европската Унија на самитот во четврток и петок.
Отсуството на одлука попладнево ја соопшти финскиот претседавач со Унијата а се огласи и еврокомесарот во заминување Хан, кој рече ова не е ден за гордост.