Кинеските научници примиле необичен сигнал со помош на петстотини метри широкиот радиотелескоп ФАСТ.
Станува збор за сигнал составен од серија повторливи брзи удари на „радио сигнали“ (FRB) кои доаѓаат од длабочината на вселената и барем засега не можат да бидат објаснети од научниците.
FRB Сигналите се многу ретки и од 2007 година кога беа забележани за прв пат, откриени се само околу сто. Тие се случуваат само еднаш, а потоа исчезнуваат, но кинеските научници тврдат дека минатонеделниот ФРБ е „познат од порано“.
Chinese scientists have installed a highly sensitive FRB backend on a 19-beam receiver on the giant telescope, and used it to observe an FRB source named FRB121102, which was first discovered by the Arecibo Observatory in 2015. #China https://t.co/lLYqApYO21
— DT Next (@dt_next) September 9, 2019
Се наведувадека сигналот FRB121102 е регистриран во 2012 година, а се вратил на земјата во 2015 година. Сигналот потекнува од џуџестата галаксија оддалечена три милијарди светлосни години од Земјата. Сега, помеѓу 30 август и 3 септември, ФАСТ го детектираше истиот сигнал со повеќе од 10 пулсирања.
Иако научниците не знаат од каде потекнуваат сигналите, тие не сакаат да шпекулираат во толкава мерка дека станува збор за туѓа цивилизација. Сепак, мистеријата останува, а експертите работат на објаснување на феноменот.