Како што гледаме во последно време либералниот капитализам се наоѓа под голем колпас и криза. Се започна со економската криза во 2008 година. Година во која всушност и започна промената и надоаѓањето на идниот светски поредок во која Америка нема да биде единствен светски господар, покрај неа се наѕираат и други светски сили како Кина, Русија, Бразил и други земји.
Нас прашањето ни е што всушност се деси со капиталистичкиот систем и кој го донесе пред колпасот во кој тој денес се наоѓа? Како е уништен капиталистичкиот систем?.
За да одговориме на ова прашање мораме да се вратиме назад низ историјата и развојот на капиталистичкиот систем. Во западната капиталистичка школа постојат две економски школи за тоа како да се уреди капиталистичкиот систем. Едната е на Џон Мејнард Кејнс позната како Кензијанизам, а втората е на Милтон Фридман позната како Фридманизам и чикашката школа. Кензијанистичката школа својата економија ја заосноваше на принципот економска теорија заоснована на интервенција на државата. Зголемување на улогата на државата во доменот на даноците, социјални пакети на невработените, зголемување на пензии и плати, национализација на добрата кој што се значајни за државата, зголемување на јавните ( општествени добра), бесплатно школство и здраство. Се на се оваа школа уште беше наречена Развојна Економија. Се додека западната капиталистичка економија до 80-тите години на минатиот век ја заосноваше својата економија на кензијанизамот имаше просперитет.
Тој просперитете на западниот капиталистички систем беше нарушен во текот на 60 тите години со појавата на чикашката школа каде главен ментор во поглед на економската мисла беше Милтон Фридман. Фридман за разлика од Кејнс, се залагал за слобода на пазарот, укинување на интервенцијата на државата, приватизација на општествените и јавните добра, приватизација на здраствто, школството, комуналната хигена, струја, вода, бил против национализација на богаствата кои се значајни за една држава. Создавање на интернационални компани кои ќе ги плачкат економските и природните добра на остатокот од светот. Се на се во Фридмановата теорија ги наоѓаме зачетоците на тоа што се нарекува Либерален капитализам, а денес уште се нарекува Неолиберализам. Дури во шеесетите години во Фридмановите теории можеме да го најдеме она што во 2014/2015 година, протече низ јавноста, а тоа се Транспацифичките и трансатланските договори со кои во светот треба да се приватизират сите јавни и општествени добра, природните ресурси да бидат во рацете на неколку моќни белесветски компании од развиениот запад.
Експрементите на чикашката школа и фридмановите економски теории за првпат се експрементирани во латинска америка во 50,60.70 тите години, со воведување на најразлични воени диктатури. Чиле е првиот експремент на чело со Пиноче, Бразил, Аргентина, Боливија, Индонезија и други земји ја доживеа истата судбина како и Чиле низ крвави диктатури да се дојде до приватизација и плачкање на националните добра на народите на латинска америка. Истиот случај е Ирак, потсоветска Русија, Како и Југославија во која не за џабе се водеа крвавите војни при нејзиниот распад.
Суштината е преку крвави револуции и диктатури да се дојде до економски шокови и кризи, владите во тој момент барат спас, единствениот спас име во задолжување во Светска банка и ММФ кој делуваат на светско ниво како некоја кредитна мафија, а потоа кога државите треба да излезат од економските шокови, потребна е економска терапија. Терапијата која ја нуди фридман е целосна денационализација на државите, односно со други зборови распродажба на националните добра на народите на големите странски компани кои својот профит го остваруваат во пробените држави, а го изнесуваат од нив во своите матични земји. Тоа своевидно една голема глобална пљачка од најголеми размери точно создадена од Милтон Фридман и неговите момци на чикашката школа.
За крај ни останува да одговориме на прашањето кој е лекот за капиталистичкиот систем. Да се следи примерот кој денес го имаат постигнато земјите на Латинска Америка и Русија. А тоа значи враќање на принципите на развојната економија од страна на Кејнс, односно враќање на државниот капитализам ако така е полесно да се нарече. Што всушност значи враќање на државната интервенција во економијата. Регулација на пазарот, одредување на цените на продукти и производи кои се неопходни за граѓаните во државата, организирање на синдикални здруженија, слободно делување на синдикатот, потоа социјални пакети за сиромашните и загрозените граѓани, одредување на плати и пензии од страна на државата мора да има државата удел во сето тоа, потоа национализација на националните добра кој што се од значење за државата и нацијата.
Сума сумарум, она што вистински му е потребно на западниот капиталистички систем е враќање на природната рамнотежа на човекот, односно хармонија помеѓу матрејалните и општествените добро, всушност ова последново е основа за кризата на западнот капиталистички систем и незадоволството од тој систем кој се јавува во последно време. Човекот како битие покрај матрејалните добра мора да има и општествени или социјални добра како сакате! враќањето на тие добра е основа на кои би можел да се изгради нов капиталистички систем со човечки лик.
Мишко Ливрински, Скопје, Македонија.