Млад правник од Скопје од албанска националност реагира на скандалот што го приредија Еди Рама и Димитар Ковачевски во Солун. Едниот што нè понижи, другиот што му даде димензија на срамот.
На Бугарите им се допадна „досетката“ на Еди Рама, но на лојалните граѓани на Македонија воопшто. Без разлика на етничката припадност.
Еди Рама скоро на секој настан се поиграва со Димитар Ковачевски, на последниот настан на канцеларот Шолц вперејки прст кон Ковачевски му вика “future West Bulgaria”.
Таче можеби не е добар Премиер ама каков и да е он ја претставува Македонија, он не претставува сите нас, Еди Рама додека се поиграва со него се поиграва со сите нас.
Недозволиво е потчинувањето кон Премиер на земја со 5 пати помал извоз од Македонија.
Еди Рама ТРЕБА ДА БИДЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ПЕРСОНА НОН ГРАТА.
А ако не случи ова, Таче треба да си поднесе оставка за да не не понижи повеќе, напиша Умејр Муамеди на својот фб профил.