ЗанимливостиИсторијаКултураМузика

МНОГУМИНА НЕ ЗНААТ ДЕКА БИЛ МАСОНСКИ МАЈСТОР! Почина во беда и долгови, а еве што се случи во 2016 година со неговиот ГРОБ

Волфганг Амадеус Моцарт , еден од најважните светски композитори на класична музика, почина на денешен ден во 1791 година. Моцартовиот опус од над шестотини дела ги опфаќа речиси сите жанрови од неговото време, вклучувајќи симфонии, концерти, камерна музика, музика за пијано, опера и хорски композиции.

Она што многунина можеби не го знаат е фактот дека Моцарт бил масон .

Моцарт бил инициран во австриското масонство на 14 декември 1784 година во Виена. Тој се приклучил на братството на 28-годишна возраст, на крајот бил произведент во мајстор на масонеријата и бил лојален и верен на масонството до неговата смрт во 1791 година. Експертите велат дека во списокот на членови пишува дека завршил трет степен и дека се знае дека бил многу редовен посетител на својата ложа.

Не се знае точно како Моцарт првпат бил воведен во масонството, но познато е дека потекнувал од семејство каде неколку машки членови биле вклучени во масонските ложи. И неговиот свекор и зет биле масони. Моцарт бил привлечен од масонските ложи „поради нивната фасцинација со човечкото достоинство и слободата“.

Степенот на посветеноста на Моцарт за масонството може да се види по тоа што тој одлучи да се приклучи на ложата токму во времето кога масонството беше забрането од Католичката црква. Папата Климент XII го забрани масонството во 1738 година , но Моцарт им пркоси на црковните наредби и им се придружи на масоните. Тој остана побожен католик, компонирајќи повеќе од 60 дела за Римокатоличката црква, од кои некои беа најпознатите литургиски партитури во западната историја.

Масонеријата силно влијаеше на животот на Моцарт, што може да се види преку неговите различни музички дела. Напишал најмалку осум композиции за масоните, вклучително и погребна масонска музика. Експертите ги откриваат и влијанијата на масонството во неговата позната опера „Волшебната флејта“. За оние кои го проучувале неговиот живот и дело, очигледно е дека Моцарт свесно користел масонски теми и симболика во неговата музика.

 

 

Додека Моцарт стана еден од најголемите композитори на сите времиња, кон крајот на својот живот тој не уживаше многу гламур. Последните години ги помина во долгови и понекогаш беше многу депресивен. Тој умре трагично на 35-годишна возраст и беше погребан во необележана гробница, непризнаена од општеството . Слободно можеме да кажеме дека музиката на Моцарт, ако се погледне низ призмата на неговото членство во масонството, може да се подели во три категории:

1. Музика напишана специјално за ложата

2. Музика која требаше да го поттикне развојот на масонската идеја кај публиката и третата група

3. Музика создадена за други цели која подоцна била приспособена за употреба во ложите, или од негова страна или од други.

Интересно е да се потсетиме што рекол во 1996 година за него во едно интервју тогашниот кардинал Јозеф Рацингер (подоцна папа Бенедикт Шеснаесетти). Тогаш кардиналот истакна дека Моцарт „темелно проникнал во нашите души“ во рурална Баварија, во сенката на Салцбург.

“Неговата музика во никој случај не е само забава, таа ја содржи целата трагедијата на човековото постоење , ” рече тој.

По повод 225-годишнината од смртта на Моцарт, Градот Виена го обнови неговиот гроб во 2016 година на гробиштата Свети Марко.

Гробницата на Моцарт се распаѓаше со години. Сега за уредување на гробот и околината се инвестирани 80.000 евра, поставена е вештачка трева, закачени се челични арматури на пристапните патишта и поставени се клупи. Покрај гробот на Моцарт, поставена е и информативна табла на која е испишана историјата на гробот на Моцарт.

Related posts

Leave a Comment