Свет

НАД ПОЛОВИНА МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТ ВО МЕЛБУРН ПРОТИВ КОВИД МЕРКИТЕ

Денес во Мелбурн се одржува досега најголемиот протест во историјата на овој град. Од извори дознаваме дека во Мелбурн сега се на протест над половина милион луѓе.
Протестот се одржува пред парламентот на Викторија. Мелбурн е еден од многуте градови во светот кој овој ден го посвети на огорченоста и незадоволството упатено до владата на Викторија и нивниот премиер во врска со нивните политики и строги, нехумани мерки поврзани со таканаречена ‘пандемија’ на Вирусот Сарс 2.
Можно е да е слика од 11 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Минатиот вторник предлог Законот за давање абсолутна власт на Премиерот како дел од најновиот обид за проширување на здравствен апартаид во Австралија, не беше изгласан, бидејќи владата не успеа да добие доволно гласови за да го изгласа истиот.
Расправата е одложена за две недели. Во меѓувреме владата подмукло и жестоко работи на тоа да поткупи членови парламентарци кои би гласале за нив и новиот нацрт закон со кој се одземаат сите права на луѓето и се вршат присилно обиди за масовно пелцовање на населението, добро знаејќи дека истото е штетно за населението.
Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Во Мелбурн сега неможеш да одиш во ресторан или кафиќ ако не си примил две дози. Сопствениците на таквите бизниси одбиваат услуга на луѓе кои не покажат лекарска потврда дека ги примиле истите. Работодатели испуштаат работници ако не покажат потребна лекарска потврда и ред други мерки кои се косат со човечките права и слободи.
Проследете повеќе снимки од денешниот протест благодарност на М. Велјановска Поздрав
СП дипломиран журналист Австралија.
Можно е да е слика од 2 луѓе, куче и надвор

Related posts

Leave a Comment