Свет

НЕРЕДИ ВО СЕДИШТЕТО НА СНН АТЛАНТА : Демонстрантите фрлаа експлозивни направи кон новинарите, запален полициски автомобил (ВИДЕО)

Експлозивната направа беше фрлена во седиштето на телевизијата Си-Ен-Ен во Атланта, поради што новинарите беа принудени да престанат да снимаат и да побараат засолниште.

Демонстрантите фрлаа огномет и петарди.

Инцидентот се случи додека Ник Валенсија известуваше за протестите што избија поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

 

 

На снимките може да се види полицијата со полна опрема која се обидува да ги приведе демонстрантите.

„Некои се смеат, а некои снимаат“; рече Валенсија кога оддекна експлозијата од огнометот.

Голем број незадоволни граѓани го окупираа седиштето на Си-Ен-Ен во Атланта, по што тие го вандализираа влезот во зградата и запалија полициски автомобил.

Немирите низ САД избувнаа поради убиството на Џорџ Флојд, на кого полицискиот службеник Дерек Шавен за време на апсењето неколку минути му го притискаше вратот со колено, што предизвика Афроамериканецот да почине. Шон беше уапсен и му се заканува затвор.

Related posts

Leave a Comment