Полицијата го блокираше центарот на Сиднеј со неколку контролни пунктови со цел да го спречи планираниот протест против мерките за затворање, пренесуваат локалните медиуми.
Минатата недела, на жителите на Сиднеј и неговата околина им беа воведени строги мерки за сузбивање на ширењето на пандемијата на коронавирусот, кои ќе траат барем до крајот на август. Наводното влошување на ситуацијата со пандемијата се случи поради ширењето на видот делта.
Околу илјада полицајци се распоредени околу Сиднеј за да спречат оправдани протести против фашистичките мерки воведени под изговор за борба против пандемијата на ковид, а издадени се и известувања за забрана на такси услугите да превезуваат патници на демонстрации, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.
Во текот на петокот и саботата, полициски хеликоптери прелетуваа над градот, кои палеа сирени штом ќе видеа некого на патот и преку разглас ги предупредуваа луѓето де се придружуваат на неразумните и присилни правила.
JUST IN – Australia sends in the ARMY to enforce it's "Zero Covid" lockdown: Soldiers and police will patrol Sydney alongside helicopters with blaring sirens telling people to disperse or they’ll get fined.pic.twitter.com/rO8dMPAaq1
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) July 31, 2021
This is some disturbing sh*t. #Australia #Tyranny #Covid https://t.co/E7cCYN8YTF
— Justice (@Justice96741960) July 31, 2021
Фактот што вчера пристигнаа околу сто војници во Сиднеј, докажува до каде е целата ситуација. Тие ќе тренираат за време на викендот и ќе ги преземат градските улици во понеделник.
“Тоа е добра работа за нас. Има малцинство (се работи за стотици илјади луѓе) кое мисли дека правилата не важат за нив и присуството на армијата сигурно ќе ги смири”, изјави министерот за полиција на овој Јужен Велс, Дејвид Елиот демонстрирајќи сила и моќ врз граѓаните.
Сепак, неговото мислење не го делат правниците, но и огромното мнозинство граѓани на најнаселениот град во Австралија, што укажува на воено полициски апартхејд.
„Употребата на војската во либералната демократија е прилично загрижувачка.
Мерките најтешко ги погодија работничките населби во западните предградија на Сиднеј, каде живеат два милиони луѓе. Тие делови од градот се исто така најсиромашни, а тамошните жители ја критикуваат владата дека ограничувањата се построги кај нив отколку во побогатите делови на градот.
“Ќе умреме од глад, не можеме да ја платиме киријата за станот, а тие уште ни забрануваат да работиме. И на крајот од целата приказна, тие испраќаат војска против нас. Најблаго кажано, на луѓето тоа не им се допаѓа “, рече Стив Христу, локален градоначалник.
Како солуција владата наметнува засилена вакцинација што ги открива вистинските намери на локдаунот, но во Австралија, сосема изненадувачки, тоа воопшто не им оди од рака. Имено, само 17 проценти од возрасната популација се вакцинирани …