Четвртиот дел од испораката на противвоздушниот одбранбен систем „Панцир С1Е“, кој Србија го набавува од Русија, полета денеска од московскиот аеродром Внуково.
Како што пренесува „Спутник“, системот е испорачан со авионот „Ан-124„ Руслан “, а неговата траса може да се следи на сајтот flightradar24.com.
Досега се испорачани три „панцир“ системи (возила со борбен модул 72V6) и придружни сервисни возила, кои се вклучени во батеријата.
Договорот за набавка на батеријата „панцир“, составен од шест системи, беше склучен минатата година помеѓу Белград и Москва.