Едно лице е рането во пукање во џамија кај Осло, а осомничениот е уапсен.
„Едно лице е повредено. Не знаеме какви се повредите. Осомничениот е уапсен и полицијата е на местото на настанот“, напиша полицијата на Твитер.
Пукањето се случило во исламскиот центар Ал Нур во предгради на Осло.Полицијата соопшти дека нема информации за можни други напаѓачи.
„Еден од нашите работници беше ранет со огнено оружје од бел човек во униформа“, рече службеникот на џамијата, Ирфан Муштаг.