Оскаровецот Џон Војт предизвика бура на Интернет откако објави кратко видео во кое вели дека американските претседателски избори се измама и како движечка сила го наведе „злобниот сојуз на левицата со сатаната“.
Таткото на Анџелина Џоли истакна дека е „згрозен од оваа лага дека е избран Џо Бајден“, осврнувајќи се на наводната победа на демократите против Доналд Трамп, која Трамп ја оспорува.
– Доаѓа време на наплата – Војт ги уверува гледачите и предупредува – Оние кои сега скокаат од радост, скокаат кон хоророт во кој ќе бидат за скоро
We all know the truth pic.twitter.com/Jf2UXj1Vn0
— Jon Voight (@jonvoight) November 11, 2020
Актерот ги нарече обидите на Трамп да докаже масовна измама и изборна победа „битка на правдата против сатаната“.
Директната споредба на Војт со неговите политички противници со библиските сили на злото брзо стана вирална, а многумина го исмеаја неговиот говор како теорија на заговор. Други сметаат дека неговата ментална состојба е сомнителна, додека други се воодушевени и изјавуваат дека и самите го сметаат Бајден за ѓавол.