Македонија

Одржување на избори на 12 Април во ситуација на ПАНДЕМИЈА е рамно на убиство со умисла

Пред денешната лидерска средба на која ќе се разговара за мерки и предлози во однос на состојбата со коронавиурусот, премиерот Спасовски повика на единство и одговорност од сите партии

„На оваа лидерска средба треба да разговараме во однос на мерките, да слушнеме предлози, да бидеме единствени, да повикаме на одговорност и на партиите од власта, и од опозицијата, и најважно од се е денеска да изненадиме со нашата одговорност и со единство во однос на здравјето и животот на граѓаните, изјави премиерот Спасовски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Тој повика сите да придонесат за полесно се надмине состојбата.

„Партиските цели, надмудрувања, политиканство кои се случуваат по многу прашања, да покажеме дека може да ги надминеме кога е прашање на животот на нашите деца. Сите да бидеме дел од приказната и сите заедно да допринесеме во оваа состојба”, порача Спасовски.

Претседателот на владеачката СДСМ и поранешен премиер себично повикува на не одложување на изборите и со тоа свесно го става на ризик здравјето на граѓаните.Имено,врвнитте епидемиолози предвидуваат зголемување на заразените од Корона вирусот за 20 пати помножена од сегашната бројка на болни токму за две недели кога кампаљата за изборите би била во најголем ек. Можете да замислите што би се случило ако за две недели од сега имаме цифра од двеста заразени и илјадници други кои би биле во нивен непосреден контакт, каков ризик би бил одржување на избори на 12 Април каде што на избирачките места би требало да излезат потенцијални повеќе од милион избирачи.

Одржување на избори на 12 Април во ситуација на ПАНДЕМИЈА е рамно на убиство со умисла

Related posts

Leave a Comment