Пред осумнаесет години на денешен ден е потпишан срамниот Рамковен договор со кој беше означен почетокот на крајот на Унитарна Македонија,процес кој деновиве влегува во завршница со нови срамни договори.На јавноста Охридскиот рамквен договор и се преставува како спас од неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.
На потпишувањето на договорот му претходеше период на притисоци од страна на НАТО и Брисел како и директни закани од генералштабот на западноатлантската воена алијанса дека доколку Македонија сака воено да ги порази албанските терористи ќе се соочи со воена интервенција од страна на алијансата.
Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде што завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери.
Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ Франсоа Леотар и на САД Џејмс Пердју.