Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан на Твитер објави цитат од ко-основачот на рок групата „Пинк Флојд“ Роџер Вотерс дека НАТО ќе се бори до последниот Украинец.
Во цитатот на Вотерс се вели дека „НАТО не сака војната во Украина да заврши. Сè е засновано на тоа. Ќе се борат до последниот Украинец“.
Кинескиот дипломат привлече посебно внимание на последната фраза во натписот на сликата со цитатот.
Ќе се борат до последниот Украинец“, напиша тој.
Претходно, во интервју за Си-Ен-Ен, Вотерс рече дека „поттикнувањето на војна во Украина“ на Бајден е сериозно кривично дело.
Според него, ова што се случува во Украина е реакција на приближувањето на НАТО кон руските граници.
They will fight until the last Ukrainian. pic.twitter.com/egc2Ih66MY
— Lijian Zhao 赵立坚 (@zlj517) August 26, 2022