Русија и Турција пристапуваат кон конфликт од голем размер во сириската провинција Идлиб, изјави портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман.
„Гледаме дека Русија и Турција се приближуваат кон голем конфликт во областа. Се надеваме дека ќе најдат решение за да го избегнат ова “, рече портпаролот на Пентагон.
Покрај тоа, Хофман изрази надеж дека меѓународната заедница ќе продолжи да врши притисок врз Турција и што е уште поважно врз Сирија да престане со нападите во Идлиб.
Турскиот министер за одбрана Мевлут Чавушоглу објави дека постои можност за средба помеѓу рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган поради заострувањето на ситуацијата во Идлиб .
„На преговорите со руската страна сè уште не сме стигнале до точката каде би сакале да бидеме. Можеби нашиот лидер ќе одржи состанок. Разменивме мапи со Русите, на кои се означени сите наши набудувачки позиции . Контактите ќе продолжат. Нападите на сирискиот режим мора да бидат запрени “, рече Чавушоглу.
Според него, нападот на сириската армија во Идлиб го нарушува процесот од Астана за решавање на сириската криза. Тој додаде дека радикалните групи во Сирија не претставуваат закана за руската војска.