Рускиот претседател Владимир Путин се реши да работи преку видео-врска поради ширењето на новиот коронавирус, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој го објави ова еден ден откако главниот лекар на водечката московска болница во која се третираат пациенти со коронавирус, кој минатата недела го прими Путин во неговата установа, рече дека е заразен со коронавирус.
„Претседателот претпочита овие денови да работи сé преку видео-врска“, рече Песков пред средбата помеѓу Путин и руската влада, која невообичаено ќе биде одржана преку видео-врска.
„Ние ги преземаме сите мерки на претпазливост“,додаде Песков.
” Тестот за КОВИД-19 е позитивен, но се чувствувам добро. Се изолирав и ги имам сите услови за работа од дистанца во мојата канцеларија”, рече рускиот лекар.
На 24 март, Путин (67) ја посети болницата Комунарка во предградието на Москва . Болницата е главната установа во која се лекува вирусот корона.
Претседателот на Русија и докторот тогаш се ракуваа, го користеа лифтот заедно и разговараа без маски.
„Сите кои беа со претседателот во Комунарка, секој ден се тестираат за коронавирус“, рече Песков, кој синоќа увери дека анализите на рускиот претседател биле „нормални“.
На прашањето дали Путин сè уште се ракува со своите соговорници кога ќе се сретнат, Песков рече дека секако сите сега чуваат социјална дистанца.
Во Русија, од понеделникот половина од населението е во изолација за да се спречи ширењето на епидемијата од која до сеаг има регитрирано 2.777 заразени и 24 мртви.