Македонија

Петровска: Нема да праќаме војници во Украина ако дојде до судир

Foto

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашното гостување на ТВ24 се осврна на улогата на С. Македонија како членка на НАТО и нејзината улога во украинската криза, Таа рече дека Македонија нема да испрати војници доколку дојде до судир, а повтори и дека нејзината неодамнешна изјава во врска со подготвеноста на нашата армија не значела дека ќе објавуваме војна на некоја друга држава.

– Македонија е земја членка на НАТО, но согласно Вашингтонскиот договор не може да испраќа војници на тероторија на туѓи држави кои не се дел од НАТО Алијансата кои не се дел од колективната одбрана на НАТО. Во ниту еден момент не употребив терминологија дека ќе објавуваме војна на некоја друга држава. Територијалниот интегритет на Украина е нешто што максимално го почитуваме и ја поддржуваме политиката на НАТО на отворени врати за која било земја која сака да стане членка, рече Петровска.

Related posts

Leave a Comment