Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Пожарот избувнал околу 10:30 часот на третиот кат на станбена зграда, а пожарникарите излегле на теренот осум минути по повикот, соопштиja медиумите .
„По гаснењето на пожарот, пронајдени се телата на осум лица, меѓу кои и четири деца“, соопшти Министерството.
Извор на локалната администрација изјави дека обвинителот Василиј Федорков, од блискиот град, е загинат во пожарот.
Истрагата за пожарот е во тек.