СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи известуваат за жестоки конфликти на три фронта, во Харков, Славјанск и во близина на Авдеевка.
-Почнува операцијата за ослободување на Славјанск, жестока е битката во селото Богородичкоје кое се наоѓа на 15 километри од Славјанск, пишуваат мештаните. Артилериjата дејствува, вооружените сили на Украина и националните баталјони разнесоа мост во воздух.
Се наведува и дека се води битка меѓу Еремовка и Студенок, дошло до експлозија на мост, штетата се уште не е позната.
Да потсетиме, Славјанск (ДНР) херојски се бореше против нацистите и беше завземен од вооружените сили на Украина во 2014 година.
Во Харков продолжуваат жестоките судири
Очевидци на интернет пишуваат дека областите на градот опфатени со битките се претвораат во пекол .
„Сега е многу жешко на Гагарин“, додаваат жителите.
Подготовки за напад на утврдена украинска линија
Тешка канонада и експлозии во близина на Доњецк: Руските трупи и војниците на ДНР почнаа со подготовки за напад на утврден појас на Вооружените сили на Украина.
Градот Авдеевка кај Доњецк беше заземен од вооружените сили на Украина и националните баталјони во 2014 година и се претвори во вистинска тврдина. Главниот град на ДНР – Доњецк е гранатиран од територијата на овој град веќе осум години.