Првата дама на САД, Џил Бајден, е позитивна на корона вирусот и има благи симптоми, соопшти денеска Белата куќа.
Таа ќе престојува во приватна резиденција во Јужна Каролина, а ќе се врати во Вашингтон по два последователни негативни тестови, објави Ројтерс.
Американскиот претседател Џо Бајден беше заразен со корона вирусот пред неколку недели.